Аврамопулос во посета на бегалските кампови на Лезбос

од Vladimir Zorba

 

Европскиот комесар за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос денеска е во посета на островот Лезбос за да ги испита проблемите кои се појавиле таму и на други острови во источниот дел на Егејското Море, како резултат на договорот меѓу ЕУ и Турција.

На островите во источниот дел од Егејското море моментално има повеќе од 10.000 бегалци и мигранти кои чекаат да се обработат нивните барања за азил, согласно имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција.

Аврамопулос на Лезбос го придружува грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, а закажан е и состанок со градоначалникот на островот, Спирос Галинос.

Некои грчки медиуми јавија дека на новинарите не им е дозволен пристап при посетата на Аврамопулос на бегалските кампови во Мориа и Кара Тепе. Најавено е дека пред да замине за Атина, од каде дојде со хеликоптер, еврокомесарот ќе даде изјава за медиумите.

Слични содржини