Австралијка забременила со јајце клетки на нејзината сестра

од desk2

Австралиската двојка, Крис и Амбер Спирс во 2014 година решиле да основаат семејство и да имаат бебе. Тоа е само почеток на мачна, но возбудлива авантура во нивните животи, што сепак имала среќен крај.


По неколку месечни безуспешни обиди, на младата девојка од Мелбурн лекарите и дијагностицирале рана менопауза, што значи дека таа не може да произведува јајце клетки.

Тоа ги скршило младите сопружници, но нејзината помлада сестра се понудила да донира јајце клетки. Вештачкото оплодување било успешно, и таа забременила со близначиња. Но, по 37 недели од бременоста, се јавиле нови компликации.

– Ми кажаа дека имам доста тешка преклампсија. Моите тромбоцити беа толку ниски што морав да примам епидурална пред да ме прегледаат подетално. Следното утро ми пукна воденикот, и поради преголемото количество течност, лекарите ми ја запреа водата, и тоа ми причини дехидратација, раскажува Амбер.

Борбата за животот на мајката и бебињата траела со часови, па дури и по породувањето. Родилката изгубила многу крв, па таткото со близначињата биле изнесени вон салата. Сепак, Амбер и децата преживеале.

– Она што ми помогна и пред и по породувањето, се Фејсбук контактите со други жени со слични искуства, и сознанијата што ги стекнав во разговорите со нив, додава младата мајка.

Бебињата, машко и женско, ги добиле имињата Арчи и Анализ.

Слични содржини