Австрија со апел до сточарите: Не продавајте овци на муслимани?

од desk3

Властите од австриската општина Муртал до сите одгледувачи на овци на својата територија упатија писмо во кое се повикуваат да не ги продаваат овците на купувачи со муслиманска вероисповед.

 
Во писмото се укажува дека од денеска муслимните го слават празникот Курбан бајрам и дека во текот на денот се колат овци, поради што треба да се обрне внимание на продажбата на овие животни ако постои сомнеж дека тие ќе бидат заклани по исламски правила.
Се наведува дека кај муслиманите обичајот е да ги жртвуваат овците и ритуално да ги колат.
Еден од сточарите, кој го добил писмото, реагирал шокирано и прашал како да препознае човек кој нема да го почитува законот. Тој во исто време рекол дека секогаш не може да утвди дали потенцијалниот купувач е од исламска вероисповет и дали тој ќе практикува ритуало колење. Оценето е дека се чини оти писмото е повик генерално на муслиманите да не им се продаваат овци.

Слични содржини