Австрија забрани носење на бурки

од desk3

Австрискиот парламент донесе закон со кој се забранува носење на бурки, одосно облека која потполно ќе го покрива лицето на муслиманските жени. Сите кои нема да го почитуваат законот ќе бидат казнувани со по 150 евра. Одредбата е дел од интеграцискиот зкаон,  на кој работи австриската Влада. Ваквот закон доаѓа откако пред неколку месеци претседателот на  Австрија, левичарот  Aleksander van der Belen ги повика сите жени да носат марами на глава во знак на солидарност со мислиманите во борбата против се поголемата исламофобија.

“Ако продолжи исламофобијата ќе мораме да ги замолиме сите жени да носат марами во знак на солидарност со оние кои тоа го правот поради верски причини”, рече тогаш претседатeлот. Меѓутоа австриските политичари сакаат поголема интеграција на муслиманските мигранти во домашниот начин на живот, а забраната на бурките е чекор во тој правец,  објавуаат австриските медиуми.

 

 

Слични содржини