Австрискиот канцелар напнува притисок поради мигрантите за „Миграцијата долж балканската рута“

од Vladimir Zorba

Кристијан Керн инсистира за поефикасна заштита на надворешните граници

1474702620-16
Канцеларот на Австрија Кристијан Керн го засилува притисокот за поефикасна заштита на надворешните граници на Европската унија. Виенската средба на владините лидери на соседните на Австрија држави и земјите од Балканот треба да се претвори во почеток на подобро функционална имиграциски политики на Заедницата, пишува весникот Der Kurier.
На коференцията, иницирана од Керн како продолжение на дискусиите во Берлин од минатиот месец , треба да се најдат “заеднички решенија” на миграциската политика, различна во секоја од засегнатите страни. Секоја држава презема различни мерки за да се заштити од бегалски притисок – нешто на што треба да биде ставен крај и наместо тоа да биде наметната единствена политика, истакна Керн во пресрет на средбата

 Инаку премиерот, Емил Димитриев, денеска во Виена ќе присуствува на  ово мини самит „Миграцијата долж балканската рута“,

На средбата  се очекува да присуствуваат и канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерите Миро Церар од Словенија, Дачијан Чолош од Романија, Алексис Ципрас од Грција, Тихомир Орешковиќ од Хрватска и Бојко Борисов од Бугарија од земјите-членки на Европската унија.

Од земјите долж западно-балканската рута што не се членки на Унијата, освен македонскиот премиер Димитриев, поканети се и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама и премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ.

Пред денешниот важен Самит за Македонија, но и за Европската унија, премиерот Димитриев во изјава за МИА вели дека ова е состанок за иднината на земјите долж рутата и справувањето со бегалската рута.

– Гледано ретроспективно што Република Македонија направи во справувањето со светската глобална тенденција за мигрирање на голем број на народи ние ќе го истакнеме на утрешниот Самит. Јас можам да кажам дека без разлика што Република Македонија е мала земја со ограничени ресурси, сепак одигра една од клучните улоги во справувањето со мигрантската криза и беше една од клучните земји на балканската рута на движење на мигрантите. Целата активност беше во содејство со инструкциите и во соработка со нашите партнери од европските земји и беше насочена кон хуман, квалитетен прием на мигрантите и нивно спроведување до понатамошните нивни цели.

Според претседателот на македонската Влада, денешниот состанок е важен и од аспект дека е добра можност да се сподели целото искуство што Република Македонија го има стекнато на планот на справување со мигрантската криза.

– Се работи за исклучително специфична ситуација што во себе содржеше повеќе елементи. Тоа не беше типична мигрантска криза. Беше криза што во себе содржеше голем дел и безбедносни елементи и различни структури што транзитираа низ регионот. Ова беше криза што имплицираше неопходна реигоналн и мултилатерална соработка во која Република Македонија одлично се снајде и покажа дека заслужува да биде дел од Еворпската унија. Впрочем, тоа беше кажано и на последниот Самит ЕУ-Западен Балкан дека во делот на мигрантксата криза, Република Македонија се однесувала токму европски, додава Емил Димитриев.

Покрај лидерите на десет земји од ЕУ и надвор од ЕУ, институциите на Европската унија на овој состанок се очекува да ги претставуваат Доналд Туск, претседател на Европскиот совет и еврокомесарот за внатрешни работи и миграциски прашања Димитрис Аврамопулос.

Слични содржини