Автомобил експлодира во Париз откако удри во полициско комбе

од desk2

Автомобил се заби во полициско комбе во понеделник попладне во Париз на познатата авенија Елисејски полиња, но полицијата не прецизира дали е тоа намерно или не.


Голема операција е во тек на познатата авенија во Париз, а минувачите се советуваат да го избегнуваат местото.
Полициски извори за француските медиуми велат дека се судриле автомобил и полициско комбе кое пренесувало ќандармерија, а потоа авотмобилот експлодирал и се запалил. Нема повредени, а човекот кој возел е совладан од полицијата.

Полицаец за AFP вели дека возачот е на земја и е во несвест. Но и тој не прецизира дали е тоа несреќа или намерен акт, но изворот вели дека човекот бил вооружен.

Фотографиите постирани на социјалните мрежи покажуваат зголемено присуство на полиција.
Франција е под зголемено ниво на безбедност по последните терористички напади кои се случуваат неколку години наназад. Во април џихадист усмрти полицаец на истата авенија, а рани уште двајца неколку дена пред првиот круг од претседателските избори.

Слични содржини