Авторот на книгите по кои е создадена серијата „Игра на тронови“ проговори

од Vladimir Zorba

Авторот на серијата книги “Песна за огно и мразот”, на која се базира култниот серијал „Игра на престоли“, Џорџ Р.Р. Мартин објави дека му се потребни само неколку месеци за да ја заврши “Ветриштата на зимата” – шестата долгоочекувана книга од серијата.    Оваа порака писателот ја остави во својот блог, но исто така изјави дека книгата најверојатно ќе биде издадена идната година.

“Не знам кое тврдење е поапсурдно: дека веќе сум ја напишал книгата или дека немам ниту една напишана страница. И двете тврдења се лажни “, пишува уште Мартин во својот блог.

Писателот работи на “Ветриштата на зимата” уште од 2011 година, кога завршува петтиот роман од серијалот „Песна за оган и мраз -Танц со џинови”. Оттогаш телевизиската серија на НВО “Игра на престоли” привлече милиони читатели кон историјата на Џорџ Р.Р. Мартин за змејови, војни и царски династии.

Пред малку повеќе од една недела започна седмата сезона на ТВ шоуто, но ликовите на Мартин во него се далеку од заплетот кој го достигнаа во романите.

Во почетокот на 2016 година Мартин им рече на своите читатели дека има многу напишани страници и десетици глави, но дека шестата книга уште не е подготвена. Овој викенд, меѓутоа во блогот авторот ги даде основните информации за напредокот во романот.

Слични содржини