Азербејџанскиот референдум ја зајакна власта на претседателот Алиев

од Vladimir Zorba

Азербејџанците вчера со референдум го продолжија претседателскиот мандат, но опозицијата и активисти ги критикуваа гласовите, кои според нив ја заздравија династичката власт на семејството Алиев, пренесе “Франс прес”.

zx450y250_2640774

Гласачите со над 91 отсто гласа ги одобрија уставните измени, со што го продолжуваат мандатот на претседателот Илхам Алиев од 5 на 7 години. Со тоа се создава и позиција и на прв потпретседател. Значи првиот потпретседател станува втор по значење државник во земјата, каков досега беше премиерот, објаснува агенцијата.

Претседателот ќе може понатаму да свикува предвремени избори. Други промени ја избришаа предвидената минимална возраст за претседателските кандидати. Така потенцијално се отвора пат кон највисоката позиција за синот на Илхам Алиев – 19-годишниот Гејдар, кој ќе може да го наследи својот татко, забележува “Франс прес”.

Опозициски групи организираа протести пред референдумот, со цел да ги критикуваат обидите на претседателот Алиев да ја задржи власта на семејството над богатата со нафта поранешната советска република на Кавказот.

Педесет годишниот Илхам Алиев управува Азербејџан со железна рака, откако во 2003 година почина татко му Гејдар, кој беше на чело на земјата од 1993 година.
Сегашниот шеф на државата може да добие неограничен број мандати, откако со референдум во 2009 година се отстрани лимитот од два последователни мандати.

Според “Амнести интернешенел” новите законски измени ќе предизвикаат “прекршувања на слободата на здружување”. Активисти ги критикуваа “апсењата и заплашувањата”, со кои според нив била придрушена кампањата за референдумот.

Слични содржини