Азески – Чадеж: Економијата да биде пред политиката помеѓу Македонија и Србија

од Vladimir Zorba

Економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката, истакнаа претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во текот на последната работна средба, која се одржа во Скопје.

Од Стопанска комора на Македонија информираа дека тие апелирале до владите на двете земји да направат сè што е потребно да не се нарушат добрососедските односи.

– Негувањето на добрите политички односи е услов да се отстранат другите пречки за зголемување на билатералната трговска размена, како и меѓусебните инвестициони активности – било истакнато на средбата.

Последните пет години обемот на трговската размена помеѓу Македонија и Србија преминува 600 милиони евра годишно, со тенденции за понатамошно зголемување.

– Ефикасната соработка во областа на градежништвото и на индустријата за градежни материјали помеѓу сите стопански комори од регионот на Западен Балкан ќе придонесе за заедничка реализација на конкретни проекти и заеднички настап на трети пазари – беше заклучено на средбата./Мета

Слични содржини