Баба го ставила внукот на бесправно изграден ѕид, за да не и го урне инспекција

од desk2

Баба го ставила малолетниот внук на бесправно изграден ѕид, за да не и го урне инспекција, по што заради надминување на проблемот бил алармиран Центарот за социјални работи од Кавадарци.

– Ние добивме информација дека дете се користи како жив штит при уривање на ѕид од инспекција. Наш стручен тим веднаш излезе на местото на настанот. Детето било затекнато во дворот, заедно со блиски од неговото семејство. На возрасните од фамилијата им било укажано на сите можни последици доколку дете се користи како жив штит за да се спречи нешто, велат за МИА од Центарот за социјални работи од Кавадарци.

Бесправно изградениот ѕид, сепак, бил урнат откако детето било тргнато.

Слични содржини