Баерн со триумф ја почна одбраната на трофејот во Бундес лигата

од Vladimir Zorba

 – Успешен старт во новата бундеслишка сезона имаа фудбалерите на Баерн Минхен кои синоќа на домашен терен забележаа победа над Баер Леверкузен со 3:1.

Стрелци на головите за Баерн беа Никлас Шуле, Корентин Толисо и Роберт Левандовски, а за гостите го ублажија поразот со голот на Адмир Мехмеди.

Мечот го одбележа и силниот дожд поради што почетокот на второто полувреме доцнеше дваесетина минути.

Двојки за другите средби од 1.коло:
Денес:
Хамбургер – Аугсбург,
Херта – Штутгарт,
Хофенхајм – Вердер,
Мајнц – Хановер,
Волфсбург – Борусија Дортмунд,
Шалке – Лајпциг.

Утре:
Фрајбург – Франкфурт,
Борусија Менхенгладбах – Келн.

Слични содржини