Бахчовановска се повлекува од случаите во кои се обвинети Латас и Сеад Кочан

од desk2

Иако кај судијата Моника Бахчовановска беа распоредени за оценка пет обвиненија на СЈО сепак Бахчовановска ќе ги оценува само „Тревник“, „Тифани“, „Титаник“ и „Тортура“.

Бахчовановска побарала изземање од предметите „Тотал“ и Труст“ во кои како обвинети се јавуваат Драган Павловиќ Латас и Сеад Кочан.

Како што дознава Телевизија 24, причините поради кои Бахчовановска се повлекла е поради тоа што фирмата на Латас „Тотал“ имала договор за рекламирање со Лотарија на Македонија каде што директор е мажот на Бахчовановска, Владимир Бахчовановски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од „Труст“ пак Бахчовановска побарала иземање поради тоа што одлучувала по жалби на судија на претходна постапка како претседател на Совет.

Сега „Труст“ и „Тотал“ ќе го оценуваа судите Марјан Грубиша и Драган Николовски./24 Вести

Слични содржини