Земјите кои одлучуваат да испратат свои вооруижени сили во Ирак треба да добијат согласност од Владата во Багдад, изјави американскиот заменик претседател Џозеф Бајден во телефонскиот разговор со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

joseph_baiden

Белата куќа соопшти дека Бајден во телефонскиот разговор со Давутоглу го поздравил повлекувањето на турската армија од кампот Башика, каде се обучуваат Пешмергите.

Тој потенцирал дека станува збор за важен чекор насочен кон намалување на тензиите во односите меѓу Багдад и Анкара.

Бајден и Давутоглу изјавиле дека САД и Турција се залагаат за суверентитетот и територијалната целост на Ирак.

Американскиот заменик претседател посочил и дека Анкара треба да го продолжи дијалогот со Багдад со цел подобрување на билатералните односи.

– САД планираат да ја поддржат тесната соработка меѓу Ирак и Турција во борба против терористичка група Исламска држава, наведе Бајден.

Слични содржини