Откако ги обиколија своите роднини низ САД и Велика Британија, Тејлор Свифт и Том Хидлстон одлучија да се оддадат еден на друг со патување низ Европа.8f2255f2aa278ea4a5855824ea2ba488

Среќната двојка беше видена во Рим. Двајцата се држеа еден за друг, додека го посетуваа Колосеумот. Фотографиите биле прикачени на социјалните мрежи од нивни фанови.

26-годишната Свифт беше забележана со жолт фустан, а 35-годишниот Хидлстон беше со елегантна бела кошула и црни панталони.

Подоцна двајцата се пресретнати да вечераат во локален ресторан.

Двајцата се заедно од сосема скоро, но нивната љубов се развива лекомислено брзо.Тејлор Свифт скоро се раздели со претходниот пријател Келвин Харис.

Пред тоа таа имала врски со Хари Стајлс, Џејк Гиленхал и Џон Мајер.