Балковски: Општинските комитети и делегатите сакаат Љубчо Георгиевски пак да биде лидер на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Нема да биде изненадување доколку основачот на ВМРО-ДПМНЕ, а сега лидер на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски биде еден од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на 23 декември.

Генералниот секретар на ВМРО НП Љупчо Балковски за порталот потврди дека општинските комитети како и делегати на конгресот му се обратиле за да го информираат дека сакаат основачот на партијата повторно Георгиевски да застане на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Изминативе неколку дена интензивно ме контактираат од општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ со предлог Љубчо Георгиевски да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Интересно е дека предлогот Георгиевски повторно да застане на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа токму од базата, односно од општинските комитети. Ова за нас и за Георгиевски е убаво да се слушне и е од особена чест. Впечатливо е и дека изминативе два дена откако се обелодени датумот за вонредниот конгрес, лично ми се јавуваат и делегати од конгресот за да ме информираат дека Георгиевски ќе го предложат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Балковски.

 Тој објаснува дека засега лидерот Георгиевски и ВМРО-НП ќе почекаат да видат дали ќе има предлог од делегати за кандидатура на Георгиевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вонредниот конгрес. Истакнува дека нема да прават кампања додека не се уверат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да си го врати стариот лидер за претседател.

Балковски додава дека од општинските комитети и делегати го уверуваат оти Георгиевски за претседател на најголемата опозициска партија е најдобро решение, бидејќи тој ќе може да ги обедини сите групации во ВМРО-ДПМНЕ.

Информациите кои делегатите и општинските комитети ги споделуваат со мене се и дека само Георгиевски може да спречи натамошни поделби на ВМРО-ДПМНЕ, вели Балковски.

 

Слични содржини