73150-93899

Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун денеска предупреди дека ограничувањето на границите долж балканската мигрантска рута, вклучително Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, претставува кршење на Конвенцијата за статусот на бегалците.

Тој  апелира до земјите да ги држат отворени границите и да дејствуваат во духот на поделба на одговорноста и солидарноста, вклучително и проширување на легалните патишта за пристап до азил, земајќи го предвид притисокот со кој се соочуваат многу европски држави.

Бан Ки-мун  потсетува дека поголем број бегалци се наоѓаат во земјите во развој и оти има вистинска потреба за поделба на одговорностите на глобално ниво.

Слични содржини