Украинската “Приватбанк”, сопственост на олигархот Игор Коломојски,  му ги блокира сметките на претседателот на Украина Петро Порошенко. Тоа се случило откако шефот на државата јавно го осуди олигархот за навреда на новинари. 

20150322.yiehjudshs

Сметките на претпријатијата во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко, се блокирани во “Приватбанк” на Игор Коломојски, соопштува телевизија “Ѕвезда”. Според податоците на локалните медиуми , во споменатите сметки се наоѓаат околу 50 милиони долари. Од финансиската институција објаснуваат замрзнување на средствата со “технички проблем”.  Во Врховната рада побараа парламентарна истрага на Коломојски. Министерот за информатичко политика на Украина  го повика олигархот јавно да се извини. Во меѓувреме Коломојски предложи да се национализираат украинските претпријатија кои се приватизирани со нарушувања во законодавството. “Украина не треба да прима нови средства од Меѓународниот монетарен фонд, додека незаконски приватизираната сопственост не биде вратена во рацете на држава. Вратете  ги овие претпријатија, кога ќе  ги продавате преку отворени тендери, ќе добиете 10 пати повеќе отколку сте добиле порано “, рече тој. Според него, на народот треба да му бидат вратени претпријатијата, продадени во времето на поранешниот претседател Виктор Јанукович. За возврат украинскиот премиер Арсениј Јаценјук изјави “Фајненшл тајмс”, дека ако одлуката за законитоста или незаконитоста на приватизацијата се земаат од “корумпирано судство”, тоа  бетер “ќе ја отвори Пандорината кутија”.

Слични содржини