Банките бараат увид во ФЕНИ

од desk4

Од утре почнува увидот на состојбите во комбинатот ФЕНИ од страна на трите банки доверители и заинтересираните инвеститори, информира Телма.

Комерцијална, Стопанска и Силк Роуд банка како предлагачи на стечајот очекуваат увидот во имотот да заврши без проблеми иако на раководните функции во фабриката се наогаат луѓе од бугарската компанија Енекод која тврди дека е нов сопственик ан Фени. Стечајниот управник Мирослав Атанасиевски за Телма рече дека никој не може да го спречи увидот кој е планира да трае до 29 ноемрви за кога е закажано ново рочиште во судот во Велес.

„Известен е менаџерскиот тим на Фени Индустри АД Кавадарци за барањето на доверителите. Непостапувањето или одлагањето на постапувањето е спротивно на Законот за стечај и ќе се смета за несоработка, за што, согласно законските прописи, менаџментот сноси одговорност“, соопшти Мирослав Атанасиевски, привремен стечаен управник.

Првите луѓе на банките на кои Фени им должи 40 мил. евра тврдат дека Енекод досега не донел ниту евро во фабриката, а трошоците за струја и мазут кои ги плаќаат тие, изнесуваат 250 000 евра. Колку бугарската компанија е сериозен инвеститор според банките покажува фактот што не покажува никаква намера да им ја исплати октомвриската плата на вработените, ја прекинала испораката на струја за комбинатот, истечено е осигурувањето на имотот и на вработените, а за лежарина на концентрат неопходен за производството, на пристаништето во Солун му се плаќаат по 1.200 евра дневно. Банките веќе се во преговори со тројца потенцијални инвеститори кои имаат намера да го санираат комбинатот но освен што се работи за компании од Европа, други детали за нив не се откриваат.

„Сегашниот сопственик т.е. парасопственик нема ниту едно евро внесено во комбинатот. Имаме сериозни инвеститори кои можат да бидат потенцијални вложувачи, а не ге-ге друштва поврзани со македонски имиња. Постапката е отворена за сите заинтересирани кои ќе докажат потенцијал да ги платат долговите кон доверителите што немаат хипотеки и ќе обезбедат дополнителни средства за купување на суровини и репроматеријали за натамошна работа на Фени“, се вели во соопштението на Комерцијална Банка АД Скопје,Стопанска банка АД Скопје,Силк Роуд Банка АД Скопје.

Предстечајната постапка за ФЕНИ беше отворена на 31 октормви. Банкарите не се оптимисти дека постапката за стечај ќе почне брзо ниту пак дека ќе заврши за два месеца како што тврдеше владата. Очекуваат Енекод и на следното рочиште со како што велат правни финти да бара изземање на судијата само за да се одложи постапката за статусот на Фени.

Слични содржини