Бар Рафаели е бремена со второ дете

од Vladimir Zorba

Бар Рафаели и нејзиниот сопруг Еди Езра очекуваат второ дете заедно. Супермоделот го роди пред само седум месеци првото дете, ќеркичка која ја крстија Лив. Рафаели роди во август минатата година.
Самата Бар ја соопшти радосната вест за втора бременост во својот профил во Instagram, објавувајќи фотографии на стомакот.

Кон сликата моделот напиша: “Нешто се подготвува …” (Something is cooking …).

Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо е еден од најпознатите и богати модели во светот.

Таа се омажи за Еди Езра во 2015 година, само една година откако почнаа да излегуваат на состаноци.

Фото: Reuters

Слични содржини