Барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски мора да ги содржи сите обвиненија

од desk4

Во барањето за екстрадиција на Горан Грујовски и Никола Бошкоски мора да се стават сите обвиненија кои се поднесени против нив, но и податоци за предистражни постапки за двајцата екс началници на УБК – доколку има такви постапки поведени во СЈО или во обвинителството (до почетокот на процесот за екстрадиција), информира Телма.

Доколку пак Македонија го посочи само предметот „Тврдина Таргет“ за кои двајцата добија притвор по што избегаа, тогаш во македонски суд ќе може да им се суди само за тоа дело, а не и за други предмети и обвиненија како што е например „Тврдина 2“ за Горан Грујовски, оценува адвокат Звонко Давидовиќ, кој вели дека сега треба да се биде внимателен со барањето, во активностите да се вклучи и СЈО, доколку има предистражни постапки за да се избегнат грешки и пречки за некои други судења во иднина.

Досега имало неколку случаи кога поради непотполно барање за екстрадиција, екстрадираните не можеле да бидат судени за други дела за кои се воделе постапки.

Во случајот со двајца вработени во УБК, проблемот е и со докази кои се класифицирани или се поврзани со нивната работа во тајната служба.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини