Барања за отпис на камати од социјални придонеси, можат да се поднесуваат најдоцна до 31 декември 2015 година.

Подносителите на пресметки на бруто-плата (работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице или државна институција) имаат можност да им бидат отпишани камати, на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година.

download (3)

Ќе се отпишат 70% од каматата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето, ја извршите во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето. Отпишување на 50% камата од каматата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја извршите во рок од 24 месеци, од денот на поднесувањето на барањето. Повеќе информации има на сајтот на УЈП.

Слични содржини