Баросо: Преговорите за Брекзит ќе пропаднат ако нема компромис – кој сака „победникот да прибере сè”

од desk2

Поранешниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека преговорите за Брекзит ќе завршат со неуспех, ако Велика Британија и ЕУ не ги тргнат своите позиции: “победникот да прибере сè”. Според него и двете страни играат “опасна игра”, пишува во неделното издание на The Guardian.

“Сметам дека и двете земји играат игра со нулта сума и според мене тоа не помага”, рече Баросо. Тој додаде дека екстремистите и од двете страни на Ла Манш сакаат Велика Британија целосно да се оддели од ЕУ.
“Она што треба да се разбере и од двете страни е дека треба да се работи конструктивно, бидејќи дали се допаѓало или не, Велика Британија е дел од Европа. Некои луѓе и на островот и на континентот не сакаат тоа да го сфатат дека Велика Британија е дел од Европа”, додаде поранешниот претседател на ЕК.

“Се разбира, Велика Британија, која не ги задржа одговорностите за членството, не треба да се очекува да има привилегии слични на членството. Тоа е јасно. Зборувајќи за тоа, сметам дека е можно да се постигне конструктивен договор кој ќе ги минимизира негативните поени и ќе предложи пат, кој ќе оди напред. Но тоа бара лидерство и стратешко размислување и од двете страни “, убеден е Баросо.

Слични содржини