Барса по трет пат триумфираше на Кралскиот куп

од Vladimir Zorba

Барселона го победи Алавес со 3: 1 во финалната средба на турнирот за Купот на кралот, кој се играше на стадионот “Висенте Калдерон” во Мадрид пред 50 000 гледачи.

Каталонците  го заработија трофејот по третата сезона вкупно по  29-ти пат. Тимот на Луис Енрике е првиот од 64 години, кој го освојува  Купот на земјата во три последователни изданија, повторувајќи го сопственото остварување (1951, 1952 и 1953).

Резултатот во синоќешниот дуел беше отворен по половина час игра од Лионел Меси по асистенција на Нејмар, но левиот бек на Алавес Тео Ернандес ја  опорави еднаквоста три минути подоцна со прекрасен шут од слободен удар. На крајот на првото полувреме Нејмар и Пако Алкасер се запиша за Барселона, а Баскијците не успеаја да направат пресврт во вториот дел. Алавес останува без освоен трофеј во турнирот, додека Барса е рекордер со 29 титули “Атлетик Билбао има 23, Реал – 19.

47-годишниот Луис Енрике во саботниот натпревар беше последен пат  на кормилото на тимот. Под негово раководство за три години тимот освои девет трофеји. Повеќе од него на чело на каталонскиот тим имаат само Пеп Гвардиола (14) и Јохан Кројф (11).

Слични содржини