Барса со луда понуда за тинејџер од Лајпциг

од Vladimir Zorba

Од Барса се подготвени да извадат до 100 милиони евра за централниот дефанзивец на германскиот Ред Бул Лајпциг, Дајо Упамекано, тврди „Телефут“.

Каталонците се импресионирани од претставувањето на 19-годишниот Французин и го сакаат по секоја цена во своите редови, но јасно сфаќаат дека тој нема да им излезе никако евтино и ќе треба да понудат сериозна сума за негово привлекување.

Во оваа сезона, младиот фудбалер има 36 натпревари и 1 гол за германскиот тим на сите турнири.

Тој е еден од првите играчи во списокот на тренерот на каталонците Ернесто Валверде и нема да биде изненадување наскоро да пристигне на „Ноу Камп“.

Дајо ја започна својата кариера во австриски Лиферинг, а потоа преминува во редовите на Ред Бул Салцбург, каде одигра 17 натпревари, пред да биде пратен во другиот тим на Ред Бул – германски Лајпциг.

Слични содржини