Барселона главна жртва на медиумската војна по независноста на Каталонија

од desk2

По референдумот кој беше одржан кон почетокот на овој месец, Каталонија вчера и официјално прогласи независност од Шпанија.

Јасно е дека борбата помеѓу Каталонија и Шпанија допрва почнува бидејќи веднаш по прогласувањето на независноста, од Мадрид порачаа дека Каталонците повеќе немаат автономија која им е одземена од страна на шпанската влада. Од Каталонија бараат дијалог со Мадрид, кој упорно го одбива тоа.

Сепак, спортскиот свет најмногу го интересира што ќе се случи со клубовите од Каталонија кои играат во Ла Лига. Иако се зборува дека тие најверојатно ќе останат во рамките на шпанскиот фудбалски систем, се чини дека Шпанците повеќе не го сакаат тоа, секако, доколку сепак на крајот останат без Каталонија. Шпанските медиуми денеска пишуваат единствено за независноста на Каталонија, а спортската страна на „седмата сила“ пишува исклучиво за клубовите од Барселона и останатите каталонски градови.
Медиумите во Каталонија јасно порачаа дека, ако треба, ќе основаат своја сопствена лига, и дека тоа нема да ги запре во намерата да одлучуваат сами за својата иднина, односно да бидат независни. Од друга страна, шпанските медиуми веќе започнаа кампања против Барселона, која како симбол на Каталонија, ќе биде најголемата жртва на политичките игри, па им порачаа дека веќе не постојат.

Имено, медиумите од Мадрид на своите насловни страни објавија дека Барселона повеќе не е лидер на Примера, туку дека сега тоа е Валенсија. Барса не се ни споменува, па се однесуваат како клубот од „Камп Ноу“ никогаш да не бил тука. Од друга страна, каталонските медиуми објавија фотографии на насловните страни од улиците на Барселона каде се слави независноста со пораката „Како славје на трофејот од Лигата на шампионите“./Sport Club

Слични содржини