Барселона има четворица кандидати за нов тренер

од Vladimir Zorba

Барселона во мометов има четворица кандидати за нов тренер на тимот. Финалниот список на тренерите се  Ернесто Валверде, Хуан Карлос Унсуе, Еусебио Сакристан и Роналд Куман, тврди “Mundo Deportivo”.

Техничкиот секретар Роберт Фернандез ќе има основна тежина при изборот на наследник на Луис Енрике, кој веќе најави дека по крајот на сезоната ќе го напушти тимот, бидејќи договорот му истекува и нема намера да го обнови. И четворицата тренери, чии кандидатури се ставени на маса имаат својата историја со Барселона.

Валверде играше за клубот меѓу 1988 и 1990 година, како и во овој период е соиграч со Роберт Фернандез. Еусебио и Куман беа дел од големиот тим на Јохан Кројф, во чиј состав беше и Христо Стоичков, а по завршувањето на кариерата Сакристан пет години беше дел од тренерскиот штаб на тимот и четири години беше на чело на вториот тим. Унсуе исто е барселонист за две сезони, при тоа во истите години, во кои Валверде игра за “каталонците”.

Валверде има долгогодишно искуство во шпанскиот фудбал. Во моментов тој е тренер на Атлетик Билбао, а пред тоа ги водел екипите на Валенсија, Виљареал и Еспањол. Неговиот договор со Баскијците истекува на крајот на сезоната и нема да има проблеми да ја преземе Барселона.

Слични содржини