– Екипа на Барселона е првиот полуфиналист во ракометната Лига на шампиони во машка конкуренција.

Каталонскиот тим за кој настапува Кирл Лазаров капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, убедливо го доби реванш дуелот од четвртфиналето против ППД Загреб.

Барселона која и во првиот меч во Загреб забележа победа со 25:23, попладнево пред својата публика на супериорен начин го надигра хрватскиот првак со конечни 43:21.

Кој ќе и се приклучи на Барселона на завршниот „Фајнал фор ’’ турнирот во Келн на 30 и 31мај, ќе дознаеме утре, по одигрувањето на преостанатите три реванш четвртфинални мечеви.

Македонскиот вицепрвак Вардар во Полска, против Киелце ќе треба да надополни негатива од два гола, по скопскиот пораз од 22:20. Два гола негатива има и германскиот Кил во дуелот против унгарската екипа ПИК Сегед (29:31), а најнеизвесно се очекува да биде на дуелот Веспрем – ПСЖ, бидејќи првата средба во Париз заврши без победник 24:24.

Слични содржини