Башар Асад: Сирија стабилно се движи кон победа

од Vladimir Zorba

Претседателот на Сирија Башар Асад изјави дека иако покрај терористичк, воената, економската и медиумската војна која се води против Сирија, владините сили стабилно се движат кон победа, благодарение на нејзините големи жртви, издржливоста на сирискиот народ и помошта од пријателски земји, пренесе сириската владина агенција Сана.

Асад ги даде овие коментари, за време на приемот на делегацијата од учесници на Меѓународната конференција на синдикатите за солидарност со вработените и народот на Сирија против тероризмот, блокадите, економските санкции и империјалистичките интервенционистки политики, која беше одржана во Дамаск и привлече учесници од околу 60 земји.

Од своја страна, членовите на делегацијата изразиле поддршка за работниците во земјата и за целиот народ на Сирија, во нивната борба против тероризмот и ембаргото, потврдувајќи дека војната на Сиријците е многу важна за регионот и светот, бидејќи нејзините последици претставуваат пресвртница во човечката историја.

Учесниците во делегацијата истакнале потребата од обединување на сите земји во корист на љубовта, мирот и заштитата на меѓународното право од терористите.

Слични содржини