Басил побара поддршка од Русија: Странски сили се обидуваат да го сменат либанскиот премиер Харири

од desk4

Шефот на либанската дипломатија Гебран Басил денеска се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и му потенцираше дека странски сили се обидуваат да го сменат премиерот на Либан, Саад Харири со цел да создадат хаос во реигонот.

Басил денеска беше во посета на Москва, а премиерот Харири, кој што даде оставка во видео порака, се уште се наоѓа во Саудиска Арабија. Харири наскоро се очекува да оди во посета на Франција, од каде што доби покана.

Шефот на дипломатијата, Басил е претставник на христијанската заедница во Либан, која е во коалиција со шиитската група Хезболах, додека премиерот Харири е водач на сунитската заедница. Во неговата оставка тој ги обвини Иран и Хезболах дека се обидуваат да го ликвидираат.

Басил ја повика Русија да ја зголеми својата улога на Блискиот Исток и да обезбеди рамнотежа на силите.

Слични содржини