Базените можат да нè разболат – на што да внимаваме?

од Vladimir Zorba

Пред да се упатиме кон базен ова лето, не смееме да заборавиме еден совет – да не пиеме од водата во базенот. Ако поради некоја причина се случи така што ќе голтнеме дури само една голтка, ништо чудно да боледуваме во текот на недели со непријатни симптоми, меѓу кои и повраќање и дијареа.

Ова предупредување доаѓа откако извештајот открива дека паразититот кој предизвикува дијареа, инфицирал барем два пати повеќе базени и водни паркови во 2016 година во споредба со минатите години, објавија од Центрите за контрола на болести и превенција.

Специјалистите појаснуваат дека дури и базенот да се одржува правилно, паразитите се способни да преживеат до 10 дена во чиста вода. Тие можат да продолжат да се развиваат и откако ќе бидат “натопени” во стандардни нивоа хлор.

Можеме да се заразиме ако голтнеме вода, која била во контакт со измет на болен човек. Иако водата во базенот изгледа чиста, многу е веројатно во неа да има такви нечистотии. Околу еден на секои четворица признава дека би пливал, дури и да страда од дијареја, се наведува во податоците на истражувањето.

Од Центрите за контрола и превенција на болести споделуваат и некои совети, со чија помош можеме да се заштитиме од инфекција:

– Да не пливаме, ако имаме дијареа

– Да не пиеме вода од водениот базен

– Да земеме еден туш пред да влеземе во водата

Слични содржини