Базиликата во Норча во Италија целосно е срушена

од Vladimir Zorba

image_5842768_126

Базиликата “Сан Бенедето” во Норча, областа Умбра во Итали, целосно е срушена по последниот земјотрес. Таа се сметаше за историското и верското срце на градот, која во минатото доживае различни штети. Многумина ја споредуваат со христијански симбол на средниот век.

Според традициите базиликата била изградена врз родната куќа на светците Бенедикт и Сколастика родени во 480 година по Христа. Таа била изградена во XIII век, а три века подоцна била проширена. Разурнувања има и по античкиот ѕид на Норча што го опкружува градот.

Ѕидовите веќе беа делумно уништени при претходните потреси. Сега сепак на многу места од нив има пукнатини, широки отвори, неколку бедеми дури се урнале. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на само 5 км од градот.

Слични содржини