BBC: Британската полиција уапси десетина осомничени за терористичкиот напад во Манчестер

од Vladimir Zorba

Британската полиција уапси уште еден осомничен во врска со терористичкиот напад во Манчестер, во кој загинаа 22 лица, пренесува BBC.
Мажот е еден од осумтте приведени од истражните органи по самоубиствениот бомбашки напад од понеделникот, соопшти полицијата.

Вкупно 10 лица се уапсени во Велика Британија, но двајца веќе се пуштени на слобода.
Властите сметаат дека Салман Абеди кој извршил го самоубиствениот бомбашки напад, е дел од терористичка мрежа.

Нивото на терористичка закана во Велика Британија останува “критична”, што значи дека се можно нови напади.

Во петокот од полицијата велат дека ја претресле адреса во Сент Хелнс во врска со нападот. На жителите, кои беа преместени од своите домови во Вуиган, додека вооружени полицајци го претресоа живеалиштето на терористот, им беше дозволено да се вратат во своите домови.

Во либиската престолнина Триполи се упасени постариот брат на Абеди и нивниот татко Рамадан.
Абеди веќе им бил познат на службите за безбедност, но ризикот кој тој претставувал за општеството бил окарактеризирана во графата “подлежи на преглед”.

Слични содржини