БЕГ почнува ладни проби на грејниот систем

од Vladimir Zorba

 

Компанијата за дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ денеска започнува со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија. Целта на ладните проби е да се подготви и провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона.parno

– Имајќи  предвид  дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, проверката на системот преку ладните проби ќе овозможи навремено отстранување на сите евентуални пречки што ќе се појават во текот на овие проверки, соопштија од „Балкан енерџи“ од каде посочија на последните податоци за временската прогноза според кои во текот на следната недела се очекува значаен пад на температурата.

За успешна подготовка на системот и навремена испорака на топлинска енергија, „Балкан енерџи“ ги повикува потрошувачите навреме да ги завршат започнатите интервенции во внатрешната инсталација, да обезбедат непречен пристап за екипите на компанијата до топлинските станици и постојано напојување со електрична енергија на топлинските станици, со што ќе се овозможи нивно непречено функционирање.

За информирање или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават на телефонскиот број (02/3076-200), или да ја посетат веб страницата: www.poplaki.beg-distribucija.com.mk. Исто така, на тие броеви потрошувачите можат да ги добијат сите потребни информации

Слични содржини