БЕГ: Првин да завршиме па потоа ќе го санираме теренот!

од Vladimir Zorba

Реконструкцијата на дистибутивната топлинска мрежа е сеуште во тек. Целосна санација на теренот е возможна откако ќе завршат сите предвидени активности, реплицираат од БЕГ на заканите од општина Центар.

 

Дистрибуција со топлина Балкан енерџи сака да ја информира јавноста дека реализацијата на проектот за модернизација и ревитализацијата на дистибутивната топлинска мрежа, која во еден дел се одвива и на територијата на Општина Центар, е сѐ уште во тек.

Додека не завршат сите потребни активности, вклучувајќи и неопходно тестирање на системот, избрзано би било секакво враќање на теренот во првобитна состојба. Се разбира, тоа би следувало откако ќе завршат сите неопходни и планирани зафати, кои се одвиваат согласно регулативата од оваа област.

Инаку, во текот на оперативната изведба, екипите на ангажираните изведувачи на работите,наидоа на непредвидени препреки, како и неплански поставени подземни инсталации, чие санирање одземаше дополнително време, надвор од предвидениот рок.

За да не се предизвика подолготраен застој во сообраќајот и да се овозможи слободно движење на граѓаните, компанијата изврши привремено санирање на теренот, со тоа што откако ќе завршат сите предвидени работи на реконструкцијата на мрежата се обврза дека ќе изврши и трајно враќање на теренот во првобитна состојба. Ваквата обврска компанијата ќе ја исполни во најкраток можен рок.

Сите надлежни институции, вклучувајќи ја и Општина Центар, беа благовремено и точно информирани за целиот проект и оттаму сме изненадени од констатацијата за наводнонаше самоволие. И покрај тоа, Дистибуција со топлина Балкан енерџи останува на ставот дека во законски утврдените рокови ќе ги исполни сите преземени обврски и при тоа сме подготвени за настанатите недоразбирања со Општина Центар да најдеме соодветно решение преку дијалог, се вели во соопштението од компанијата БЕГ.

Слични содржини