Стотици бегалци вчера вечер го пробија кордонот од унгарската полиција во центарот на прифатниот камп Реске, во близина на границата со Србија, и се упатија пеш по автопатот кон Будимпешта.
БиБиСи јавува дека унгарската полиција се обидекла да им го блокираат пристапот кон патиштата околу центарот за бегалци но бројчано посупериорните бегалци беа брзо ги заобиколиле трчајќи кон полињата. Меѓу нив беа и семејства со мали деца. Тие се пробија на автопатот М5 кој ги поврзува Унгарија и Србија, јавуваат агенциите.
По овој напливот на бегалци го запреа сообраќајот во двете насоки на автопат. Полицијата ги следела цело време и не се обидувала да ги запре. Колоната бегалци ја надлетувал и хеликоптер.
Дел од колоната бегалци сепак прифатија со автобуси да се вратат во прифатниот камп и така да се заштитат од ладната ноќ.
Останатите, кои продолжија, поминувајќи покрај новинарските екипи, со рацете во воздухот, извикуваа: Германија, Германија….