Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“ вели дека дождот не им направи никакви проблеми на бегалците во Гевгелија.

мигранти

Тој вели дека има многу шатори под кои бегалците можат да се засолнат, но и дека сите бегалци добиле кабаници за да се заштитат од дождот.

– Поделивме кабаници на сите бегалци кои дојдоа вчера, сè уште имаме резерви, но како доаѓа есенскиот период ќе ни требаат повеќе. Тука, во Гевгелија, бегалците немаат проблем, имаат каде да се засолнат во камповите и во шаторите. Апелираме до граѓаните кои се во можност да донираат кабаници, чизми, патики – вели Реџепи.

Според податоците на МВР, во текот на викендот издадени се потврди на вкупно 4.035 мигранти.

 

МЕТА

Слични содржини