Бегалеците се криеле под лажни имиња: Грујевски како Христо Атанасов, а Бошкоски како Неџби Хасан

од desk4

Бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски се криеле под идентитетите, Христо Атанaсов и Неџби Хасан, објави вчера македонските медиуми.

Тие веќе се во притвор во грчки затвор, откако беа уаспени на аеродромот во Солун, во обид за бегство. Локацијата веќе им се знаела, според извори веќе еден месец, а за тоа придонело тоа што двајцата бегалци стапиле во комуникација со одредени лица во Македонија.
Ова било доволно да им помогне тајната полиција да им влезе во трага.

Грчките медиуми пишуваат дека, Грујевски и Бошковски од Солун требало да се упатат кон Будимпешта, Унгарија. Фалсификуваните пасоши биле доволен елемент на сомнителност за тие да бидат уапсени и да им се утврди вистинскиот идентитет.

Горан Грујевски и Никола Бошковски беа во бегство од 18 јули. Нив им се изгуби секаква трага откако Врховниот суд потврди дека тие треба да завршат во притвор. Периодот за жалби несвојствено за македонската судска пракса го поминаа на слобода, а кога одлуката веќе беше потврдена од највисокиот суд, тие избегаа.

Грујевски и Бошковски се клучот преку кој СЈО треба да докаже кој нелегално со години прислушувал во Македонија. Тие се обвинети во случаите „Тврдина“ и „Таргет“. Специјалното обвинителство по сите одземени докази од УБК, соопшти дека процесот на снимање телефонски разговори се одвивал во рамки на тајната полиција и дека странски служби не прислушувале во земјава.

Слични содржини