Почетна / Глобално / Свет / Бегалско цунами доаѓа во наредните месеци-Европа на штрек!

Бегалско цунами доаѓа во наредните месеци-Европа на штрек!

Само за еден месец во Грција пристигнале повеќе бегалци отколку за целата 2014-та година. Според последните податоци на Еуростат најмногу барања за азил се поднесуваат во Германија.

мегранти

Последните податоци покажуваат дека најмногу барања за азил има од луѓе од Сирија, Ирак и Авганистан на кои цел им е  Германија – околу 50 илјади, потоа  следуваат Унгарија со над 32 илјади, како и Австрија, Шведска и Белгија.

Според извештајот на германската федерална служба за миграција и бегалци, бројот на Ирачаните кои поднеле барање за заштита во земјата се зголеми повеќе од три пати за првите шест месеци од 2015 година во однос на 2014 година Сиријците се со 169% повеќе, а луѓето од Авганистан со 105%.

Во меѓувреме инцидентите поврзани со бегалци во Германија продолжуваат. Претходно канцеларката Ангела Меркел беше пречекан со   свирежи  и извици “Предателка!” Во бегалскиот центар во градот Хајденау. Во текот на викендот таму имаше други протести против имигрантите, кои завршија со повредени полицајци и неколку притвоени.

2110871658

Во Унгарија, исто избувнаа судири меѓу имигранти и полицијата. Причина за немирите е протест на бегалците со барање властите побрзо да ги пуштат да го продолжат патот на запад.

Јесан – еден од имигрантите, коментира дека според него Европа нема потреба од мрзливи луѓе. “Тие само јадат и не прават ништо. Сиријците не сме такви. Јас имам диплома за сметководител. Брат ми е геолог. Сакам да се натпреваруваат на пазарот на трудот. Сакам да изградам иднина, што ја немам во Сирија “, раскажа младиот маж.

И покрај критиките од Европската унија унгарските власти ја забрзуваат изградбата на висока ограда по рутата  со Србија. Според аналитичарите тоа го става под сомнение Шенгенскиот договор и ќе стане причина за враќањето на старите граници.

Бугарскиот европратеник од ЕНП Емил Радев коментира дека бегалски поток ќе продолжи и во наредните месеци, поради н воените дејствија во Сирија и Ирак. “Ќе се зголеми и бројот на луѓето кои тргнуваат од африканскиот брег, за да бараат егзистенција и подобар живот”, дополни тој.

Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилиони изјави дека е потребно редефинирање на правилата за прием на имигранти во Унијата. Тој смета дека треба да се создадат канали за легална имиграција на луѓето кои бараат азил.

Како и да е цунамито бегалци кои се тргнати и тргаат на патот кон подобар живот само што не ја удрило Европа. Тоа е голема преселба на народите , за тоа ќе треба да се најде излез и да се преживее.

мегранти