Бегалците во Германија – побрзо во Мекдоналдс отколку во Дајмлер

од desk3

Цајт – Хамбург

Пред една година, германските концерни ги поздравија бегалците како новото „еконосмко чудо“ на Германија. Што се случи со големите ветувања?

Дитер Џече, извршен директор на автопроизводителскиот концерн Дајмлер, во септември 2015 година застана на подиумот на големата Меѓународна изложба на автомобили (ИАА) во Фанкфурт на Мајна, но не зборуваше за автомобили, туку за луѓе. За бегалците, кои секојдневно во илјадници ја минуваа границата. „Можеби ќе биде тешко да се прифатат толку многу луѓе“, призна тој. Но потоа рече дека тие можат да станат основата за следното германско економско чудо, слично како и милионите гастарбајтери во 50-те и 60-те години од минатиот век, кои суштински придонесоа за подемот на Западна Германија.

2DE7D8AB00000578-3295057-image-a-66_1446124952826

Тоа беше времето кога од Унгарија кон Германија патуваа возови со бегалци. Приемните центри беа пренатрупани, луѓето беа сместувани по фискултурни сали и набрзина подигнати шатори.

Цече звучеше така како да ги очекувал.

-Токму такви луѓе бараме во Мерцедес и во целата земја, рече тој и побара бегалците да не бидат гледани како закана, туку да им се даде шанса. Тогаш изгледаше дека и самиот Цече сака да придонесе за тоа. Што се случува сега, скоро една година подоцна? За Дајмлер работат точно деветмина бегалци.

Во останатите големи германски компании чии акции се вклучени во водечкиот индекс ДАКС, има малку места за луѓето кои побарале азил во Германија. Во јули, весникот Франкфуртер алгемајне изброи дека во тие 30 концерни работат едвај 54 бегалци.

Засега нема надежни бројки кои ќе покажат колку успешно е вклучувањето на бегалците на пазарот на трудот, кои во последнава година пристигнале во Германија. Тие фигурираат во податоците за невработеноста во германската служба за вработување, но само од јуни наваму. Всушност, околу половина милион луѓе не се заведени затоа што процедурите за добивање на бегалски статус се уште не се завршени и не се знае дали тие воопшто ќе имаат право да останат во Германија. Други пак веќе имаат бегалски статус и дозвола за работа, но сеуште немаат завршено курсеви за интеграција.

Регистарот за странци дава целосен увид за бројот на бегалците, кои би можело да се вклучат на пазарот на трудот – во моментов во Германија се регистрирани 1,090,812 бегалци, од кои 850,000 се на работоспособна возраст – меѓу 15 и 65 години. Од тие 850,000 души досега признат бегалски статус имаат 350,000 и само таа група е со неограничен достап до германскиот пазар на трудот. Сеуште нема податоци колку од нив веќе нашле работа. Но има неколку нешта кои стануваат јасни кога за оваа тема се разговара со компании, со посредници за работа од бироата за вработување, со претставници од организации од браншата и економисти.

Прво, излегувањеето на пазарот на трудот бара време. Бидејќи повеќето бегалци сеуште лошо зборуваат германски, а нема доволно јазични курсеви – процедурата сеуште е бавна, а и многу служби и компании дури сега учат како да се прилагодат кон таа нова група работници.

Второ, бегалците кои бараат работа, често имаат различни приоритети од германските работодавачи. Додека Германците избираат прво да завршат обука или курс за квалификување, многу бегалци претпочитаат да не учат со години, туку брзо да почнат да заработуваат. Тие сакаат да им испраќаат пари на блиските или да се раздолжат со „каналџиите“ (шверцерите со луѓе кои им помогнале да дојдат тука). Затоа и класичниот германски рецепт за квалификација за определено работно место во многу случаи не функционира.

Трето, многу бегалци немаат официјално признато професионално образоваие. Германската служба за вработување оценува дека во таа група се 70 проценти од оние кои побарале азил, а само 10 проценти се со вишо образоваие. Мнозина бегалци се многу млади и заради тоа се уште немаат образовен степен; обуката за многумина била прекината со бегство и војната.

На крај, дури и шефовите на концерни како Дитер Цече колку и да се еуфорично настроени, кога ќе се отвори прашањето каде можат да работат многу бегалци, повеќето од нив нема да најдат работа во Дајмлер. Во моментов, мнозинството бегалци почнуваат да работат во ресторанскиот сектор во одржување на хигиена, и воопшто во претпријатија раководени од мигранти, вели експертот за економија на миграцијата, Херберт Брјукер, од институтот ИАБ во Нирнберг. Само во Мекдоналдс работат 900 бегалци, но повеќето наоѓаат работа во помали и средно големи компании.

Погрешните очекувања се меѓу најголемите пречки по патот кон работа. Кога бегалците ќе дојдат во Германија, тие почнуваат пасивно живеење. Ги распоредуваат по станови, добиваат легло, облека и храна, ако имаат среќа и јазичен курс. Не можат самите дури ни да одлучат кога да одат на лекар. Се одлучува место нив, а тоа може да продолжи со месеци, ако не и со години.

– Мнозина воопшто не успеваат да преминат од пасивноста на процедурата за бегалски статус кон активно барање работа. Мислат дека државата ќе им обезбеди работа, вели една посредничка за труд од Келн. Тоа е една од причините многу експерти да бараат бегалците што е можно најскоро да бидат поврзани со работодавачи и да не бидат држени надвор од пазарот на трудот по процедурата за давање на бегалски статус и интеграциските курсеви.

-Нема смисол луѓето да бидат „паркирани“ во интеграциски курсеви. Треба да го споиме совладувањето на јазикот и професионалната пракса и да нудиме курсеви истовремено со работа, вели Брјукер.

Токму тоа го прави Штефан Мјулер, управител на компанијата за пакувања Нефаб. Тој го вработил 20-годишниот сомалиец Халид Ахмед Омар и уште двајца бегалци, иако нивниот германски е слаб. Во професионалното училиште е предвиден курс по германски јазик еднаш неделно, што е сосема недоволно, па затоа Мјулер за тројцата стажанти обезбедува дополнителен курс секоја недела за нивна јазична подготовка. Бизнисменот е многу задоволен од работата на Омар и другите двајца мажи, иако нивната обука е ризична заради недоволното познавање на јазикот. Заради тоа е и загрижен и Мјулер кој може да загуби пари и тројца потенцијални работници.

Со сличен проблем се соочуваат и други компании. Производителот на автомобилски делови Континентал, нуди за бегалците едногодишна програма која содржи курс за германски јазик и основна техничка обука, кои треба да ги подготват за конечната квалификација. Модел кон кој во меѓувреме се стреми и службата за вработување, која на почетокот на август започна 30,000 таканаречени комбинирани курсеви, во кои паралелно се учи германскиот јазик и професионална обука.

Тоа е еден од чекорите кои треба да го поплочат патот на бегалците кон германскиот пазар на трудот – има и занаетчиски комори кои оформиле сопствени тимови од специјалисти, постојат и онлајн берзи на трудот за бегалци, има и стотици компании кои решиле да образуваат бегалци.

Економското чудо на Дитер Цече нема да биде славено на највисоките катови во Дајмлер, а во обичните канцеларии како таа на Штефан Мјулер – таму каде управителот на Нефаб со месеци седи со раководителот на производството и една вработена за да размислуваат што понатаму да прават со тројцата сомалијци.

-Вклучувањето на тројцата бегалци во работата на фирмата дошло најмногу благодарение на консултантите кои ги преведувале интервјуата и преговарале во телефонските разговори со властите, посочува Мјулер.

Тоа е нешто кое го слушаме насекаде – не би се добило без луѓето кои советуваат, преведуваат, помагаат и дејствуваат како катализатор за наоѓање работа.

Една година откако Цече го објави новото германско економско чудо, повеќето бегалци сеуште се во чекалните и чекаат – за бегалски статус, за курс по германски јазик, за прва професионална обука. Тие не стојат крај производствените лиии во Дајмлер, туку во редици пред бирократијата. Наместо во некои германски концерни, многумина од нив се појавија во статистиката на германската служба за вработување. Таа покаѓува колку луѓе од главните земји од каде доаѓаат бегалците (вклучително и Сирија, Авганистан и Ирак) во последнава година нашле работа, од која им се плаќа осигурување – 99,000 во мај 2016, или 31 проценти повеќе од претходната година. Но истовремено уште 157,000 луѓе од тие земји се регистрирани како невработени, или за 80,000 повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Идната година, заради бегалците бројот на невработени во Германија за првпат повторно ќе порасне, псолчуваат од службата за вработување. Според портпаролка од оваа служба, тоа е добра вест.

-Тоа покажува дека конечно многу бегалци се регистрирани кај нас, дека веќе ќе можат да продолжат понатаму, рече таа.

Бироата за труд се само еден од многуте чекори по патот на бегалците низ германската бирократија. Но при барање работа, тој е најважен./МИА

Слични содржини