Бејли: Договорот од Пржино не е закочен

од Vladimir Zorba

Договорот од Пржино не е закочен, а политичките лидери наредната недела треба донесат одлука за датум на избори, одговори на новинарско прашање амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.бејли

– Не, јас не мислам дека е закочен Договорот од Пржино. Ние на 20 јули имавме разговори како да се придвижат работите нанапред. Политичките лидери се договорија следната недела да донесат одлука за датумот на избори, така што мислам дека процесот не е застанат – изјави Бејли.

Ама ЌЕ СИ СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ПЕТИОТ ЧЛЕН НА АД ХОК ТЕЛОТО!

Амбасадорот Бејли во Охрид учествува на Безбедносниот форум што се одржува во организација на Маршаловиот центар, на кој експерти од земјава и од опкружувањето дебатираат околу одлуките на самитот на НАТО во Варшава и безбедносните предизвици на регионот.

– Алијансата не е само одбранбена структура, туку заедница на држави кои промовираат вредности на демократија, владеење на правото, слобода. Тоа е клучен дел на Алијансата вметнат во првиот параграф на самата организација. Оттаму и во дел од заклучоците за Македонија од Самитот во Варшава се нагласува важноста од продолжување на реформите во таа насока, особено преку имплементација на Договорот од Пржино – рече Бејли

Слични содржини