Преговорите добија засилување, така што на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан пристигнаа и американскиот амбасадор Џес Бејли и белгискиот олеснувач Питер Ван Хојте.

Dzes-Bejli

На лидерска средба со еврокомесарот се претседателите на четирите најголеми партии во Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна на средбата со Радмила Шекеринска, Рената Десковска, Дамјан Манчевски и Оливер Спасовски.

Претходно, еврокомесарот Хан се сретна со премиерот Никола Груевски и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Во придружба на Груевски беа министерот за надворешни работи, Никола Попоски, заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, министерот за здравство, Никола Тодоров, и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протоѓер.

Слични содржини