Бејли:Одлуката на Иванов не е вистинската, се надеваме ќе ја преиспита, а функционалноста на институциите е ваша обврска!

од Vladimir Zorba

 Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли.

– Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во Собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат, и потоа да продолжиме со реформските приоритети.

Сметам дека тоа останува добра основа за да одиме напред. Ако ги погледнете овие елементи, мислам дека може да видите начин како да одиме напред.

Ние остануваме пријатели и партнери на Македонија.

Сакаме да помогнеме во тој процес, но на крај, сите вие, граѓаните, лидерите, ги правите демократските институциите функционални.

Во однос на одлуката на претседателот Иванов, не мислиме дека тоа е вистинската одлука, се надеваме дека ќе ја преиспита, рече Бејли, во врска со надминување на политичката криза во Македонија, како и гледиштата околу одлуката на претседателот Иванов да не му го додели мандатот за формирање влада на претседателто на СДСМ, Зоран Заев.

Слични содржини