Бејли: Работиме со делегацијата на ЕУ во Македонија на реформиските процеси

од Vladimir Zorba

Честитка за чистата препорака на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ, пристигна и од Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Тој рече дека честитка упатил преку Твитер и потсетил дека САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

„Работиме со делегацијата на ЕУ во Македонија на реформиските процеси и ќе продолжиме да го правиме тоа, на реформите за влаеењето на правото, за медиумите и за јавната администрација. Заеднички работиме на евроатлантските интеграции на Македонија“, изјави Бејли./РСЕ

Слични содржини