Бела Адид одбрани папараци од свој телохранител

од Vladimir Zorba

Супермоделот Бела Aдид му се спротивстави на својот телохранител за груб третман на папараци. На излегување од Spring Studio во Њујорк, каде беше презентирана колекцијата на модниот дизајнер Мајкл Корс, 20-годишната Бела стана сведок на непријатна сцена.

На излезот од зградата девојката, како и обично, беше очекувана од толпата новинари. Повеќето од фотографите беа мажи, но имаше и папараци жени.

Кога Бела се насочи кон својот автомобил, придружена од обезбедувањето, на патот им застана фотографка која телохранителот ја избутка прилично грубо. Тогаш Бела реагираше: “Еј! Не можете ли да не ја допираш? ” Потоа се сврте кон девојката: “Дали си добро?”. И повторно му нареди на телохранителот: “Не ја допирајте!”

Потоа продолжи. Видеото за инцидентот беше објавено на Интернет. Корисниците на мрежата ја пофалија Бела за овој чин, пишувајќи бројни позитивни критики.

Слични содржини