Бела Торн ја бојадиса косата циклама

од Vladimir Zorba

Бела Торн секогаш се одликувала со смели обиди во однос на фризурата и особено бојата на косата. Ја видовме со сина, зелена, црвена, канелна,  а била и русокоса.

Експериментите сепак продолжуваат и од четвтрокот таа веќе привлекува со темно розова боја на косата.

19-годишната Бела беше нападната од папараците на излез од холивудски салон за убавина.

Таа беше видливо задоволна од постигнатото од фризерот и со задоволство си направи неколку селфиња неколку минути по промената на имиџот.

Целиот нејзин стајлинг беше повеќе од глупав – таа имаше искомбинирано патики со кратки тексас панталонки, мрежести хулахопки и транспарентен црн топ, кој се фокусираше на градникот.

Неодамна Бела се раздели по романстаа со Скот Дисик и ја истакна и главната причина за кратката нивната врска – бил сладок и пријатен, но многу пиел. Очигледно оваа разделба влијаела и на промената на надворешниот нејзин изглед.

 

Слични содржини