Во соопштението се наведува дека одлуката е во спротивност со изборното ветување на Трамп во САД за повлекување од договорот постигнат со Иран во 2015 година . Одлуката беше донесена по неколку недели внатрешна дебата меѓу високи функционери во администрацијата.

Трамп сепак се очекува да нагласи дека ако Конгресот не најде начин да  реши неколку слаби алки, откриени од неговата администрација во договорот, тој во одреден момент ќе го исполни ветувањето да ја  повлече земјата.

Весникот “Њујорк тајмс” пишува дека американскиот државник може да наметне последен краен рок на Конгресот и на европските сојузници. Трамп ќе објави  дека ако не бидат прифатени мерки за пополнување на овие “пукнатина” , САД ќе го  напуштат договарањето.

Ако Трамп навистина го прошири режимот на санкциите против Исламската Република, тоа ќе биде трет пат откако влезе во  Белата куќа во јануари 2017 година.

Иако санкциите поврзани со нуклеарната програма на Иран, не се очекува да бидат вратени денес, администрацијата ќе преземе други мерки против Техеран, кои се поврзани со други прашања, вклучувајќи ракетна програма и финансиските операции на “Хезболах”.

Министерот за финансии на САД, Стив Мунчин, изјави вчера дека очекува Трамп да наметне нови санкции за Иран.