Белата куќа забрани пристап за неколку медиуми

од desk2

Белата куќа забрани, новинарите од неколку медиуми да присуствуваат на неформални средби со претседателот Доналд Трамп, јавуваат светските медиуми.

Администрацијата на американскиот претседател ги забранила брифинзите со новинарите на „Си-Ен-Ен“, „Би-Би-Си“,„Њујорк тајмс“, „ЛА тајмс“, „Њујорк дејли њуз“, „Дејли мејл“.

Пристапот е дозволен на медиумите кои застапуваат десничарски ставови како „Вашингтон тајмс“, „Уан америка њуз нетворк“, „Брајтбарт њуз“ и други.

Главниот уредник на „Њујорк тајмс“, Дин Баки изјави дека ова никогаш не се случило во Белата куќа.

– Транспарентна влада и слобода на медиумите се од витално значење за националните интереси – изјави Баки.

Здружението на дописници од Белата куќа реагираше на ваквата одлука на администрацијата на американскиот претседател./Meта

Слични содржини