Белгија ќе го прекине до крајот на јуни учеството во операцијата на меѓународната коалиција против терористите од “Исламска држава”. Ова го соопшти министерот за надворешни работи Дидие Рејндерс, цитиран од агенциите.

BELG

Според неговите зборови буџетот на Министерството за одбрана на Белгија не е со неограничени можности. Според зборовите на министерот, бидејќи се очекува мисијата “Пустински сокол” на коалицијата да трае со години, можно е догодина белгиските воени сили да се вклучат повторно во борбата против ИД.

Белгија се приклучи на коалицијата минатиот септември, откако испрати во Јордан 120 војни ци и шест ловци Ф-16 за уништување на цели во Ирак. Беше прецизирано дека белгиските војници придонесуваат за пет проценти од ударите по ИД. Од почетокот на оваа година белгиските власти добија бројни терористички закани, оправдани со учеството во меѓународната коалиција.

За првите три месеци од мисијата Федералниот парламент додели буџет од 23 милиони евра. Белгиската мисија трае 10 месеци, а одлуката за повлекување претстои да биде утврдено дополнително.

Слични содржини