Излезот на Грција од еврозоната може да го дестабилизира балканскиот регион, каде голема улога играат грчките инвестиции, изјави белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс во пренос на радио RTL.didie
“Јас се плашам дека ќе има геополитички последици за регионот. Не треба да се заборави дека влијанието на Грција на Балканот е премногу значително, таа е една од главните инвеститори во регионот. Последици може да имаат не само земји како Македонија или Црна Гора, но можно е дури за Бугарија, земајќи ја предвид комплексноста со стабилизацијата во оваа зона “- предвидува Рејндерс.

“Не може да се тврди дека излегувањето нема да има последици. Тоа треба да се анализира, но последици за нашата економија ќе има “- изјави министерот.

Аналитичарите претходно соопштија дека без ликвидност од ЕЦБ, Централната банка на Грција, може да биде принудена да ја печати национална валута, за да не “потонат” банките, но тоа може да значи излегување од еврозоната.

Еврокомисијата сепак повеќе пати изјави дека стапувањето во монетарната унија е неповратен процес, односно не постои механизам за излегувањето на земјите од еврозоната. До сега ниту една земја не се обидела да ја напушти еврозоната.

Слични содржини