Белград добива метро – се слушаат експерти

од desk2

Денеска во Белград е претставен новиот план за изградба на метро во главниот град на Србија, а првата линија ќе оди од Мекишко поле до Ада Хуја.

Според експертот Том МекЕлиот, Мекишко поле е одлично место за почеток на работите, односно тоа да биде прва станица.

„Таму има доволно простор за „park and ride“ „паркирај и вози“ кој ќе го прими сообраќајот пред да влезе во најоптоварените делови од градот“, вели Елиот.

Не се согласува со тврдењата дека Мекишко поле не е вистинското место за почетна станица на метрото, затоа што на долги патеки тоа е важно за развојот на градот и за изградба на помошна инфраструктура за одржувње на метрото.

Според градоначалникот Синиша Мали, метрото ќе почне да се гради во 2020 година, а ќе биде готово во 2022 година. Треба да се изградат две лини на метро, кои секако ќе се поврзат со четири од железницата.

„Ни беше потребна помош од еминентни стручњаци, за конечно да се разоткријат сите заблуди за метрото кои во јавноста постоеја 40 години. Да се копаат тунели по Белград само за да кажете дека се гради метро е несериозно, да се гради метро кое ќе биде празно и неисплатливо само за да створите впечаток дека Белград има метро е неодговорно“, додава Мали.

Целта е да се намалат гужвите и времето на патување.

Слични содржини